ФФМ го потврди и вториот силен тест за Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и официјално го потврди натпреварот кој нашата репрезентација ќе го игра против Турција.

Македонија против Турција ќе се сретне на 1 јуни и тоа на стадионот „Шукру Сараџоглу Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време.

Турција е уште еден учесник на Мундијалот со кој Македонија ќе ги одмери силите, бидејќи веќе како што е од претходно познато во Сараево ќе играме против БиХ на 29 мај.

За Македонија овие дуели ќе бидат можност селекторот Гоце Седлоски да го подготви тимот пред предизвиците кои следат.