Бекам стана првиот британски спортист милијардер!
Неговата добра работа денеска се потврди и со тоа што тој стана првиот британски спортист милијардар.
Бекам се најде на најновата листа на „Сандеј тајмс“ на милијардери во светот. До богатството Бекам стигна со успешни инвестиции и голем раст на Интер Мајами каде што тој е ко-сопственик.
Богатството кое го поседуваат Бекам и сопругата се проценува на 1.36 милијарди евра. Инаку, Бекам се наоѓа на второто место кога во прашање се најбогатите лица кои се поврзани со спортот, тука пред него шефот на Формула 1, Берни Еклстоун.
Фото: МЛС