Русите се сеират: Дојдете на Сибир да го играте Суперкласико (ФОТО)

Членот на руската Премиерлига, Енисеј од Сибир им понуди на аргентинските гиганти Ривер плејт и Бока јуниорс на нивниот стадион да го играат реваншот на дуелот од финалето во Копа Либертадорес.

Минатата сабота се случуваше вистински хаос во Буенос Аирес пред стадионот „Монументал“ кога навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери.

Денеска беше објавено дека реваншот ќе се игра на осми или деветти декември, но не беше објавена локацијата на истиот.

„Драги пријатели од Ривер и Бока. Финалето од Копа Либертадорес може да го одиграте на нашиот стадион. Ќе биде незаборавно: снег, длабоки чизми и крзнени капи“, пишува на официјалниот профил на клубот.

Инаку, денеска беше измерена температура од -18 степени во Сибир.