Суперкласико ќе се игра за два викенди, ама каде - допрва ќе се решава!

Вистински хаос се случуваше минатиот викенд во Буенос Аирес, откако навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери, па реваншот од финалето во Копа Либертадорес мораше да биде одложен, а за денеска беше закажан состанокот на кој требаше да се реши каде ќе играат.

Во претходните денови се појавија многу шпекулации за тоа кој би можел да биде домаќин на Суперкласико, а како кандидати се споменуваа Џенова, Абу Даби, Асунсион во Парагвај...

Сепак, на денешниот состанок беше договорен само терминот на одигрување, а локација за одржување на големиот спектакл - нема, освен тоа што е познато дека во Аргентина сигурно нема да се игра, па остануваат во игра веќе споменатите места.

Значи големото дерби помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс ќе може да го следиме за два викенди, односно на осми или деветти декември, а за местото на одигрување допрва ќе се решава.