Хулигани на Ривер дивееја пред „Монументал“ по одложеното Суперкласико (ВИДЕО)
Жестоки пресметки на хулиганите на Ривер со полицијата има повторно пред стадионот „Монументал“, камења летаат на сите страни, па полицијата се обидува да ја смири разулавената толпа, додека останатите навивачи го напуштаат најголемиот стадион во аргентинската престолнина.
Два часа беше полн „Монументал“ до последно место, но гледачите не го дочекаа стартот, откако автобусот на Бока беше каменуван, па двајца фудбалери завршија во болница со повреди на окото, додека други двајца поради солзавците се жалеа на потешкотии во дишењето, меѓу нив и Карлос Тевез.
Хаотичниот почеток на епското финале во битката за јужноамериканската титула завршува со нови хаотични сцени. Мечот е презакажан за 21 часот утревечер.
Esto no es Argentina, esto es Latinoamérica.. una cruda imagen de nuestra sociedad.. #SuperFinal #SuperClasicoFinalpic.twitter.com/dNPpLh2aWU
— Contrerismo (@Contrerismo100) November 24, 2018
Scène désolante devant le Monumental... Il fallait reporter ce match bien avant ! Il ne faut s’étonner à présent...#RiverBoca #CopaLibertadoresFinal
— Johan Rouquet (@JohanRouquet) November 24, 2018
pic.twitter.com/8TLY7146sn