Србинот испиша историја: Ѓоковиќ стана тенисер со најголема заработка!

Новак Ѓоковиќ повторно испиша историја, но овојпат не станува збор за трофеи, туку за пари. Србинот од денеска и официјално е тенисер со најголема заработка во историјата на тенисот само од успесите на турнирите.

Најдобриот српски тенисер во моментов има помалку грен слем титули од Роџер Федерер, од кој ја презема првата позиција. До почетокот на Ју-Ес опен, Швајцарецот во кариерата имаше заработено 117.507.812 долари, а Ѓоковиќ 115.310.890.

За пласманот во осминафиналето, Швајцарецот заработи 266.000 долари, но заработката на Ѓоковиќ во Њујорк е многу поголема и таа изнесува три милиони и 800.000 долари.

Бидејќи многумина не можат да разберат како се случи тоа, уредникот на магазинот „Форбс“, Курт Баденхаузен, реши да го објасни тоа.

„Федерер можеби тоа го прави 20 години, а врвот Ѓоковиќ го достигна неодамна кога наградниот фонд на сите турнири порасна“, кажа Баденхаузен.

Федерер во кариерата има освоено дури 28 титули повеќе од Ѓоковиќ, но на Србинот дури 13 од своите 14 грен слем титули му се од 2010. година па до денес, а наградниот фонд на сите турнири е пораснат.