„Падна“ коефициентот за трансферот на Роналдо во Јувентус

Судејќи според информациите од Италија и Шпанија, од следната сезона Кристијано Роналдо ќе го носи дресот на Јувентус.

Иако ваков распет долго време звучеше нереално, се чини дека е многу блиску до реализација и дека по девет години Португалецот ќе си замине од Мадрид.

Коефициентот дека Роналдо летово ќе стане фудбалер на Јувентус сега изнесува само 1,5, а втор фаворит за него ангажман е Манчестер јунајтед со квота од 11. Потоа следат ПСЖ (13), Монако (21), Челси (21)...