Зборови кои го кршат срцето: Михајловиќ не се предавал до последен момент!

Aријана Михајловиќ, сопругата на Синиша Михајловиќ за првпат зборуваше за последните моменти од животот на прославениот српски тренер и фудбалер.

Михајловиќ долго време се бореше со леукемијата, но за жал не успеа да победи во најважната животна битка, а неговата сопруга во интервју за „Калчомеркато“ раскажа како таа и нејзиното семејство се збогувале со Михајловиќ во неговите последни моменти.

„Докторите во последните месеци ни кажаа дека нема да успее да преживее. Јас тоа го знаев, но немав храброст да му го кажам. Разговарав со нашите деца, со никој друг, дури ниту неговата мајка не знаеше. Заедно одлучивме да не му ја кажеме вистината. Не сакавме да му ја одземеме таа трошка надеж која го држеше врзан за животот. И тој никогаш не праша, не сакаше да знае, не сакаше да се предаде.

Продолжи да се бори се до крајот бидејќи беше човек кој никогаш не го прифаќаше зборот „крај“. Една недела пред да почине ме погледна и ми кажа: Јас сум среќен, ве имам вас. Сакам да остарам со своите деца...сакам многу внуци. Тогаш се почувствував како да умирам и му одговорив: „Па, љубов нели веќе имаме една внука. Зарем не си среќен?“ „Сакам уште многу“. Тоа беше неговиот сон кој никогаш не го доживеа и тоа најмногу боли.

Денот ког замина сите бевме со него. Кога почувствував дека дишењето му се менува, сфатив дека дојде моментот. Ги повикав децата, се собравме околу него и го држев за рака додека го гледав како се бори да земе здив. И тогаш со распрачено срце, тивко му шепнав: Оди љубов, не грижи се. Јас ќе се грижам за децата. Тогаш беше единствениот момент кога престана да се бори и дозволи да одлета. Никој до тој момент во собата немаше храброст да заплаче“, раскажа Аријана.