Никој како Крос: Со голот против Шведска ги надмина своите претходници! (ВИДЕО)

Германија ја победи Шведска (2-1) на начин својствен за нејзиното реноме со децении наназад. Тони Крос не е прв што постигнал гол за победа во последните минути од еден натпревар, меѓутоа, сепак, неговиот е најгермански досега.

Имало многу примери на големите турнири во минатото како Германија постигнува гол во последните минути за да победи или, пак, прави целосен пресврт, како денеска со Шведска. Сепак, никој досега не погодил олку доцна како Крос. Неговиот гол падна во 94 минути и 42 секунди, што ги надминува сите претходници.

Овде не го сметаме Оливер Бироф, кој ѝ донесе европско злато на Германија во 1996 година во продолжението со единствениот „златен гол“, на големите првенства.