Надал за 62 минути го елиминираше Џумхур!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот во Рим, откако денеска го порази Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина со 2-0, односно 6-1 и 6-0.

Надал беше голем фаворит во мечот и ја оправда таа улога без никакви проблеми. На самиот старт на дуелот направи два брејка и водеше со 5-0, а потоа Босанецот освои еден гем и тоа беше сè што направи денеска.

До крајот на средбата, Надал си поигра со противникот и ги освои сите гемови, па во наредното коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Робин Хасе и Денис Шаповалов.