Охрид е есенски шампион во ВМФЛ, Пелистер победи во Горно Лисиче, реми на Работнички

Во последниот натпревар одигран оваа година во Втората лига, екипата на Охрид победи против Осогово во Кочани со 2-0 со што ја обезбеди есенската титула.

Охриѓани полусезоната ја завршуваат како лидери со 35 бода, Пелистер остана зад нив со три помалку, Работнички на третата позиција е со 29.

Пелистер овој дел од сезоната го затвори со гостински триумф кај екипата на Горно Лисече, додека Работнички само реми 0-0 со Детонит. Двата гола за битолскиот составв денеска ги постигна Иван Ивановски, по еден во првиот и вториот дел.

На победи денеска се израдуваа уште: Тетекс кој против Брера славеше 4-1, Новаци го доби последнопласираниот Шкупи 2-1, а без голови заврши средбата помеѓу Кожуф и Македонија Ѓорче Петров.