Шкендија го освои Кавадарци и дојде на „минус еден“ од Струга (ВИДЕО)

Шкендија го искористи киксот на Струга и со победа над Тиквеш во Кавадарци од 2-0 ја намали разликата на табелата.

Тетовци денеска беа подобар противник во Кавадарци, а натпреварот беше решен во второто полувреме. На тешкиот терен за игра, Шкендија поведе во 49-тата минута кога од пенал голманот на домаќините го совлада Ендрит Красниќи.

Продолжи Шкендија да биде подобар противник и во продолжение, Тиквеш не успеваше посериозно да се закани кон голот на Гаје.

Точка на натпреварот стави репрезентативецот Меличи кој беше највисок во шеснаесетникот по еден корнер и со глава го совлада Христијан Стевковски.

Шкендија сега има 31 бода, бод помалку од Струга и четири токму од Тиквеш кој остана израмнет на третата позиција со Вардар со по 27.