Франција и Германија ги заверија билетите за СП во Катар!

Кошаркарите на Франција и Германија се пласираа на Светското првенство (СП) во 2027 година, кое ќе се одржи во Катар.

Французите ја совладаа Естонија со 81-73 и стигнаа до осмиот триумф во девет одиграни натпревари. Победата на гостите во ниту еден момент не беше сериозно доведена во прашање, иако Естонците во последната четвртина ја искористија опуштеноста на противникот и го добија тој период со убедливи 27-9.

Најефикасен во францускиот состав беше Франсиско со 19 поени, додека кај Естонија најдобар беше Конончук со 23 поени.

Пласман на Мундобаскетот обезбеди и Германија, која славеше против Летонија со 78-76. Германците исто така стигнаа до осмата победа, а најзаслужен за триумфот беше Андреас Обст со 25 поени.

Фото: Facebook/Team France Basket