Нов шок за Баерн: Мусиала повторно се повреди!
Баерн Минхен ја потврди лошата вест преку официјалното соопштение. Медицинскиот тим на клубот дијагностицирал нова мускулна повреда, поради која Мусиала ќе биде надвор од конкуренција до понатамошно известување.
fЗа 23-годишниот офанзивец ова е особено тежок удар. По долгото отсуство поради сериозната повреда на ногата на Светското клупско првенство во 2025 година, тој повторно имаше проблеми со задната ложа во септември. Поради таа повреда пропушти девет натпревари. Мусиала неодамна се врати во составот и доби минутажа против Келн, а потоа настапи и на гостувањето кај Лил во Лигата на шампионите, каде што Баерн загуби со 2-1. Сепак, по тие два настапи повторно се појавиле проблеми, а новите медицински прегледи ја потврдиле повредата.
Според германските медиуми, постои можност Мусиала да не се врати на терените до крајот на календарската година, а неговото враќање во јануари ќе зависи од текот на рехабилитацијата. Баерн засега не соопшти конкретен рок за неговото враќање.
Новиот проблем доаѓа во чувствителен момент за германскиот гигант, кој во последните денови се најде во центарот на вниманието и поради јавната дебата за здравствената состојба и иднината на Мусиала. Клубот претходно порача дека неговото здравје е апсолутен приоритет и дека ќе му ја обезбеди потребната поддршка.