Потпис во Мадрид: Еден од најдобрите асистенти не оди никаде!
Мароканскиот репрезентативец имаше договор до крајот на актуелната сезона, но со новата соработка обезбеди и зголемување на платата.
Како што пишува шпанскиот весник „АС“, преговорите за продолжување на договорот биле завршени уште во јуни.
За офанзивниот играч за врска во изминатиот период интерес покажувале и други клубови, но Дијаз воопшто не размислувал за заминување од Мадрид, и покрај скромната минутажа што ја добива оваа сезона кај Жозе Мурињо.
Дијаз сезонава одигра само 258 минути, но и покрај тоа успеа да запише четири асистенции. Во просек, Мароканецот асистира на секои 64,5 минути, статистика по која е најдобар фудбалер на Реал Мадрид.
Во сите натпреварувања повеќе асистенции од него имаат само Арда Ѓулер (девет), Килијан Мбапе (пет) и Џуд Белингем (пет).