Ангелов го урна Башкими, Скопје фаќа залет!
Херој на скопјани беше Виктор Ангелов кои ги постигна двата погодоци. Првото полувреме не донесе премногу прилики и се играше во главно на средината на теренот.
Во вториот дел сликата се промени и гледавме многу повеќе возбудувања. Натпреварот беше одлучен во период од само три минути кога Ангелов ги постигна двата погодоци.
Прво стрелаше во 57-та минута, а вториот погодок го постигна точно на истекот на еден час игра.
Скопје во продолжение пропушти и уште некоја прилика за трет гол, а казната стигна во 84-та минута кога Теодор Мирчевски со глава ја погоди мрежата на Кристијан Наумовски.
Башкими ја погоди мрежата мрежата и вторпат во самата завршница кога погоди Фати Исмаили, но голот беше поништен поради недозволена позиција.
На табелата Скопје сега се израмнува со Арсими со по десет бода, пред нив е токму Башкими кој остана на 14. Прва над опасната зона е Брегалница со бод повеќе.