Де Брујне е омилен на „Етихад“ дури и кога доаѓа како противник (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи вчера одиграа возбудлив натпревар од петтото коло во Лигата на шампионите, кој заврши без победник (2-2), но посебно внимание привлече емотивната атмосфера пред почетокот на дуелот на „Етихад“.

И втора сезона по ред, навивачите на англискиот гигант подготвија специјална кореографија во чест на Кевин Де Брујне. Иако белгискиот фудбалер веќе втора сезона го носи дресот на Наполи, приврзаниците на Сити не го заборавија играчот кој остави огромна трага во клубот.

Де Брујне помина десет сезони во Манчестер Сити, за кој постигна 108 голови на 442 натпревари. Во тој период освои шест титули во Премиер-лигата, а најголемиот успех на европската сцена го оствари во 2023 година, кога со „граѓаните“ се искачи на тронот во Лигата на шампионите.

Белгиецот во летото 2025 година се пресели во Серија А, но јасно е дека неговиот придонес во историјата на Манчестер Сити и понатаму се памети на „Етихад“.