Фјури откри детали од најмрачниот период во животот: Дознав дека имам шизофренија!
Фјури во новиот документарец за својот живот, кој наскоро ќе биде објавен на „Нетфликс“, открива дека неговата психичка состојба значително се влошила по големата победа над Владимир Кличко во 2015 година.
„Зборовите не можат да ја опишат темнината во која се наоѓав. Беше како да живеам во пеколот. Понекогаш мислев дека ќе завршам во соба со заклучена врата, а тоа многу ме плашеше“, откри Фјури.
Фјури во тој период се оддалечил од боксот, се соочувал со проблеми со алкохолот и неговата тежина значително се зголемила. Сепак, во 2017 година започнал пресврт во неговиот живот, кога се посветува на тренинзите и се враќа на боксот.