Алкараз има далеку подобро „време на минување“ од Ѓоковиќ
Алкараз до својата 23. година има освоено 30 АТП титули, додека Ѓоковиќ во истиот период од кариерата имал 18. Разликата е особено впечатлива кога станува збор за најголемите турнири.
Шпанецот веќе има седум Гренд слем трофеи, наспроти само еден што српскиот ас го имаше на таа возраст. Кај мастерс-титулите предноста повторно е на страната на Алкараз, кој има девет, додека Ѓоковиќ имал пет.
Интересно, двајцата имаат по една титула од завршниот мастерс и по еден олимписки медал. Сепак, Алкараз веќе стигна до првото место на светската ранг-листа со 66 недели поминати на чело, додека Ѓоковиќ на 23 години највисоко беше третопласиран. Од друга страна, Србинот на таа возраст веќе имаше и еден освоен Дејвис куп, трофеј што Алкараз сè уште го нема во својата колекција.
Сепак, овие бројки не значат дека Шпанецот веќе го достигнал историскиот статус на српскиот тенисер. Ѓоковиќ во својата кариера освои рекордни 24 Гренд слем титули, 40 мастерс-трофеи и вкупно 102 АТП пехари. Дополнителна тежина на неговите достигнувања им дава и конкуренцијата со која се соочуваше. Во најголемиот дел од својата кариера мораше да се натпреварува со Роџер Федерер и Рафаел Надал, двајца тенисери кои исто така оставија огромен белег во историјата.
Алкараз, сепак, веќе има фантастична основа за продолжението на кариерата. Дали ќе успее да се приближи до рекордите на својот идол и еден ден да го надмине и во историските категории, ќе покажат годините пред нас.