Покетино на дебито во Јунајтед израмни негативен рекорд стар 100 години
Аргентинскиот стратег со овој пораз израмни негативен клупски рекорд стар точно еден век. Имено, Покетино стана само вториот тренер во историјата на Манчестер јунајтед кој на своето деби претрпел пораз со четири гола разлика.
Пред него, тоа му се случило единствено на Лал Хилдич, кој во октомври 1926 година дебитирал на клупата на „црвените ѓаволи“ со пораз од 4-0 против Болтон. Во следните 100 години ниту еден тренер на Јунајтед не доживеал толку убедлив пораз на својот прв натпревар.
Покетино пристигна на „Олд Трафорд“ по заминувањето на Мајкл Керик, а првиот предизвик му беше гостување кај најголемиот ривал Ливерпул. Работите за гостите станаа уште потешки по раното исклучување на Лени Јоро, па домаќините ја искористија бројчаната предност и стигнаа до убедлив триумф.
За Ливерпул на овој натпревар погодија Доминик Собослаи, Флоријан Вирц, Рио Нгумоа и Виктор Муњоз.
Така, Манчестер јунајтед и под водство на новиот тренер продолжи со лошите резултати, а тимот во овој момент се наоѓа на претпоследното место на табелата.