Охрид без многу мака до осминафинале во Европскиот куп
Уште по вчерашниот триумф од 30-19 беше јасно дека Литванциите немаат капацитет да го запрат Охрид во походот кон одбрана на европскиот трофеј, па македонскиот претставник денеска само рутински ја одработи задачата.
Од самиот старт повторно беше подобриот ривал на теренот и на одмор замина со 15-11. Идентична беше сликата и во второто полувреме, па на крај избраниците на Ројевиќ забележаа триумф од седум разлика во овој меч и вкупно 19.
Најефикасен кај Охрид беше Ѓукиќ со седум гола, а по четири постигнаа Иванковиќ, Лјапис и Зечевиќ, додека на спротивната страна Дрксас постигна четири.