Покетино во Јунајтед тргна со дебакл на „Енфилд“! (ВИДЕО)

Катастрофално започна ерата на Маурисио Покетино во Манчесстер јунајтед, „ѓаволите“ на неговото деби загубија од Ливерпул со убедливи 4-0.

Дебаклот на Јунајтед беше најавен уште по само осум минути, Лени Јоро го собори Исак пред шеснаесетникот и бидејќи напаѓачот излегуваше сам пред противничкиот голман, заработи директен црвен картон. За работата да биде уште потешка, Собослаи прекинот со одличен удар го претвори и во водство.

Само три минути подоцна Вирц се запиша во листата на стрелци за зголемување на предноста. Јунајтед не успеваше да се врати во натпреварот, Ливерпул доминираше и сигурно чекореше кон тримуфот во дербито.

Идентична беше сликата и во вториот дел, гостите знаеа на моменти да испртатат некој удар и закана, но беше премалку за да ја загрозат победата на големиот ривал. За убедлив пораз се погиржија Нгумоха и Муноз кои стрелаа во 66-тата и 82-та минута.

На табелата со овие три бода Ливерпул доаѓа до 21 на четвртата позиција, еден помалку од Сити и три повеќе од Борнмут. Јунајтед од друга страна во долниот дел е претпоследен со само осум бода, бод повеќе од последнопласираниот Кристал палас со биланс од пет порази пет нерешени и само една победа.