Ужасен старт на ерата на Покетино: Црвен картон на Јоро и два примени гола за само 12 минути на Енфилд (ВИДЕО)
Јунајтед остана со играч помалку во осмата минута, откако Лени Јоро доби директен црвен картон. Францускиот дефанзивец го собори Александер Исак, кој се најде во одлична позиција за гол, а судијата немаше дилема – предвремено испраќање во соблекувалната за стоперот на гостите.
Тукушто Јоро излезе од игра, Ливерпул поведе со 1-0. Од слободниот удар по фаулот на французинот, Доминик Собослаи ја затресе мрежата на Јунајтед во 10. минута, предизвикувајќи дополнителен шок во гостинскиот табор.
И тука не беше крај на проблемите на Јунајтед. Во 12. минута, Нгумоа се проби по левата страна, нафрли пред голот, а таму Вирц со атрактивен удар го совлада Ламенс за убедливо водство на домашниот тим.