Двобој Хрватска - Србија не е можен, иако дури четири екс СФРЈ тима се во баражот за А-Лигата!

Познати се сите учесници во баражот за место во А-лигата на Лигата на нации, а меѓу осумте селекции има и четири репрезентации од поранешна Југославија. Тоа се Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина, кои во март 2027 година ќе се борат за место во најсилната конкуренција.

Интересно е што дуел меѓу Хрватска и Србија во оваа фаза не е можен, бидејќи двете селекции се наоѓаат во групата на носители. Освен нив, во оваа група се и селекциите на Данска и Велс.

Во другата група се Словенија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Република Ирска. Тоа значи дека Хрватите и Србите можат да добијат противник од оваа четворка, во која се наоѓаат и нивните поранешни југословенски соседи.

Предноста на носителите е што реванш-натпреварите ќе ги играат на домашен терен, додека неносителите ќе бидат домаќини на првите дуели.

Ждрепката е закажана за 20 ноември, а натпреварите ќе се играат во март 2027 година.

Фото: Facebook/Fudbalski savez Srbije