Северна Ирска не ни мора да игра квалификации - веќе е пласирана на ЕП 2028!
Северна Ирска го освои првото место во својата група во Б-лигата на Лигата на нации, со што доби високо место во редоследот за евентуалните баражи. Според пресметките на „Football Meets Data“, шансите да остане без место во баражот се речиси непостоечки.
За да се случи тоа, дури четири репрезентации од групата на највисоко рангирани селекции би требало да завршат надвор од првите две места во своите квалификациски групи. Меѓу нив се Англија, Португалија, Франција, Германија, Швајцарија, Шведска и Австрија, што според анализата е малку веројатно.
Графиката ги прикажува шансите секоја репрезентација да добие место во баражот преку Лигата на нации доколку не заврши меѓу првите две во квалификациската група. Кај Северна Ирска таа веројатност е над 99,99 проценти, додека Полска е последната селекција која теоретски може да стигне до баражот преку овој пат.
Фото: Facebook/Northern Ireland National Team