Драма во Евролигата: Везенков со луда тројка во последната секунда го спаси Олимпијакос! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Макаби и Олимпијакос во Евролигата, а на крајот се радуваше европскиот шампион по продолжение со 97-95.

Макаби го имаше натпреварот во свои раце и сигурно може да жали што денес не славеше победа, еден од хероите кај грчкиот состав повторно беше Саша Везенков кој буквално во последната секунда погоди тројка за израмнување на 82-82 и го одведе натпреварот во продолжение.

И во продолжението домаќините во самата завршница имаа предност, но и тука Олимпијакос успеа да се извелече.

На секунда пред крајот во моментите кога Макаби водеше со 95-94, сега блесна Џозеф кој остана осамен за три поени и погоди за конечен триумф по големата драма.

Најефикасен беше Везенков кој со 37 поени, девет скока и една асистенција беше на чекор од дабл-дабл, Фурние за Олимпијакос уфрли 16 поени, додека на спротивната страна Валас броеше до 18.