Дориев: Селекторот не е виновен, туку ние сме - ни недостигаат одговорност и дисциплина!
Дориев посочи дека за резултатите не е виновен селекторот, а притоа посочи дека им недостигаат одговорност и дисциплина во составот.
„Едноставно оваа година е за заборав. Не е виновен ниту претседателот на ФФМ, ниту селекторот, туку ние сме виновни. Тука сме најдобрите фудбалери повикани во селекцијата, ние сме виновни за резултатите. Мислам дека недостига поголема одговорност. Ќе тргнам од себе, ни недостига одговорност и дисциплина во играта. Мислам дека оваа репрезентација не смее да игра вака. Нас ни е најтешко, треба да ја заборавиме оваа година. Мислам дека ќе се поправиме, ни треба една-две победи за да се издигнеме. Кога ќе се изгуби на ваков начин, јасно е дека не сме ги исполниле барањата на селекторот. Ние потфрливме на многу сегменти на теренот“, кажа Дориев.