Македонскиот капитен не мрда од чешкиот шампион!

Maкедонскиот најдобар одбојкар, Никола Ѓоргиев и следната сезона ќе биде дел од чешкиот тим, Карловарско.

Капитенот на нашата репрезентација договорил продолкжување на соработката со актуелниот шампион каде што се наметна како еден од најважните во тимот.

Ѓорѓиев зад себе имаше сезона во која одигра важна улога, посебно во финалната серија против Прага. Така тој ќе добие можност и следната сезона да игра на највисоко ниво во шампионатот на Чешка.

За Ѓорѓиев ова е 22 сезона во странство претходно играше во: Турција, Љубљана, Германија, Јапонија, Полска, Франција, Италија и Србија.