Трагедија во Аргентина: Млад фудбалер почина по удар со топка во глава!
Според информациите на аргентинските медиуми, младиот фудбалер минатата недела бил погоден со топка во главата за време на натпревар. Веднаш потоа паднал на теренот, по што средбата била прекината, а тој итно бил пренесен во болница. И покрај напорите на лекарите, не успеал да ја добие најважната битка.
Од неговиот клуб Есеиса се збогуваа со младиот фудбалер со емотивно соопштение.
„Ова е најтешката вест за нашиот клуб. Со длабока болка и неизмерна тага се збогуваме со момче пред кое беше целиот живот и кое зад себе остава празнина што е невозможно да се опише“, објавија од клубот.