Гинис го потврди Сашко Кедев како највозрасен алпинист кој ги искачил сите врвови над 8.000 метри
Кедев го комплетираше овој неверојатен подвиг на 20 јули 2025 година, кога се искачи на врвот Гашербрум, на возраст од 63 години и 14 дена. Со тоа стана рекордер во една од најтешките алпинистички дисциплини, која бара огромна физичка и психичка издржливост.
Неговиот успех е уште поголем ако се знае дека е и највозрасниот човек кој ги искачил сите 14 „осумилјадници“, но и највисоките врвови на сите седум континенти, познати како „Седумте врвови“. Тој овој предизвик го започна на 14 јануари 2008 година со искачувањето на Аконкагва во Јужна Америка, а го комплетираше на 6 ноември 2011 година со Пунчак Џаја, познат и како Карстензова пирамида, во Океанија.
На листата од 14 „осумилјадници“ што Кедев ги освои се наоѓаат Еверест, Манаслу, Даулагири, К2, Броуд Пик, Анапурна, Нанга Парбат, Чо Оју, Макалу, Лоцe, Гашербрум II, Шиша Пангма, Канченџунга и Гашербрум I.
Рекордот на македонскиот алпинист е потврден од Еберхард Јургалски, советник за планинарење во „Гинисовата книга на рекорди“.