Лукаку веќе нема да игра за Белгија!
Лукаку, кој со години беше еден од главните предводници на белгиската „златна генерација“, одлуката ја соопшти нагласувајќи дека е целосно помирен со неа.
Неговото повлекување доаѓа по период на шпекулации за неговата иднина во репрезентацијата, а на натпреварот против Италија, кој Белгија го доби, целиот меч го помина на клупата за резерви.
Преку социјалните мрежи, Лукаку испрати емотивна порака до соиграчите, тренерите и навивачите, истакнувајќи дека во изминатите 16 години го дал максимумот и поминал низ сите можни емоции.
„Им благодарам на белгиските навивачи за поддршката што му ја дававте на нашиот тим. Горд сум што ја претставував својата земја на четири светски и три европски првенства. Никогаш нема да ги заборавам тие моменти и целосно сум помирен со одлуката тука да застанам. Беше неверојатно, уживав и благодарен сум за сè“, порача Лукаку во своето збогување.
Лукаку зад себе остава импресивен репрезентативен учинок со 94 гола на 135 натпревари, со што убедливо останува најдобар стрелец во историјата на белгиската репрезентација.
Дополнително, тој е петти најдобар стрелец во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светот. Пред него се само Кристијано Роналдо со 146, Лионел Меси со 126, Али Даеи со 108 и Суни Четри со 95 погодоци.