Репрезентативците ги „местат коцките“ за Словенија - сакаме убав крај на годината! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот тренинг пред утрешниот последен натпревар во групната фаза од Лигата на Нации во кој ќе ја пречекаме Словенија.

Против Словенија, Македонија ќе се обиде да ја прекине серијата од шест порази во низа која започна во пријателскиот дуел со Турција. Против Словенија во првиот натпревар од овој циклус на гости загубивме со 2-0.

Во тој дуел имавме свои моменти, но Словенија создаде повеќе прилики и две од нив искористи за триумф.

Натпреварот ќе биде и последен за избраниците на Седлоски во оваа година, па и поради тоа би било убаво годината да ја завршиме со позитивен резултат.

Дуелот се игра во терминот од 20:45 часот.