Зверев сигурен на стартот на Завршниот мастерс: Германецот во два сета го надигра Ходар!
Во првиот сет се водеше израмнета борба сè до седмиот гем кога Зверев направи брејк за предност од 4-3, а потоа успешно сервираше за 6-4.
Зверев во вториот сет направи брејк уште во третиот гем (2-1), по што не му дозволи на ривалот да се врати во игра и на крајот Германецот славеше со 6-4.
Германскиот тенисер следниот меч го игра против Шелтон, додека Ходар ќе се соочи против Филс.