ЖРК Чаир избори осминафинале во ЕХФ Купот!
Чаир го направи првиот чекор кон следната рунда уште во првото полувреме кое му припадна со 14-9, додека во вториот дел доминираше на теренот и оствари убедлива победа.
Дури шест ракометарки на Чаир постигнаа по четири голови, а тоа се Павлова, Ѓорѓиевска, Димчевска, Махмуд, Ристиќ и Галал. На спротивната страна најефикасна беше Гугиќ со шест погодоци.
Ракометарките на Чаир триумфираа и во првиот меѓусебен дуел против Кур со 27-24.