Четири засилувања и три заминувања на „Олд Трафорд: Покетино прави ремонт на екипата!

Маурисио Покетино на 18 ноември ќе го преземе кормилото на Манчестер јунајтед, а веќе ги подготвува првите потези за промена на играчкиот кадар во гигантот.

Според англиските медиуми, Покетино сака неколку засилувања, а меѓу нив е Фоларин Балогун од Монако.

На списокот со можни засилувања се наоѓаат и тројца дефанзивци од Премиер лигата. Станува збор за Калвин Бејси од Фулам, Нејтан Колинс од Брентфорд и Ентони Робинсон, кој исто така го носи дресот на Фулам.

Исто така, се очекува да заминат и дел од фудбалерите од „Олд Трафорд“, а на листата за отстрел се Хари Мегваер, Лук Шо и Лисандро Мартинез кои би го напуштиле клубот уште во јануари.

Фото: Facebook/U.S. Soccer