Шпанија или Мароко: Продолжува битката за организацијата на финалето на СП 2030

Подготовките за Светското првенство (СП) во 2030 година веќе се во тек, но сè уште нема одлука за тоа каде ќе се игра големото финале. За организација на завршниот меч се борат Шпанија и Мароко, додека ФИФА засега не сака да фаворизира ниту една од двете земји.

Шпанската фудбалска федерација има јасен став дека финалето треба да се игра на нејзина територија. Како главни кандидати се споменуваат „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и реконструираниот „Камп Ноу“ во Барселона.

Шпанците сметаат дека имаат организациски капацитет и инфраструктура за да го организираат најголемиот фудбалски настан, но Мароко не сака да попушти во борбата.

Од другата страна, Мароко ја истакнува изградбата на новиот стадион „Хасан Втори“ во Бен Слиман, во близина на Казабланка. Објектот е планиран да има капацитет од околу 115.000 гледачи, со што би бил еден од најголемите фудбалски стадиони во светот.

Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)