Барселона ја освои Атина, Ефес подобар од Виртус

Кошаркарите на Барселона остварија значајна победа во 11. коло од Евролигата, совладувајќи го Панатинаикос со 76-74. На останатите натпревари, Анадолу Ефес беше подобар од Виртус Болоња со 103-91, додека Бешикташ славеше на гостувањето кај Асвел со 95-91.

Најзаслужен за триумфот на Барселона беше Робинсон со 24 поени. Мартин додаде 13 поени и шест скока, Умуде заврши со девет поени и пет скока, додека Нкамхуа запиша седум поени и седум скока.

Анадолу Ефес, пак, одигра одличен натпревар против Виртус Болоња и славеше со убедливи 103-91. Лојд со 22 и Малколм со 20 поени беа најефикасни во победничкиот состав. Фернандо забележа дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока, Дарио Шариќ постигна 12 поени, а Стразел додаде 11 поени и осум асистенции. Пејн го заврши мечот со девет поени и осум асистенции.

Интересен пресврт беше виден во Лион, каде што Бешикташ го совлада Асвел со 95-91. Домаќините на полувремето имаа предност од девет поени (52-43), но турскиот тим одигра одлично во продолжението и успеа да стигне до победата.