Футсалците со убедлив пораз во Финска ги почнаа мундијалските квалификации
Серијата голови ја отвори Ласе Линтула во третата минута. Само две минути подоцна Бојан Јанев израмни на 1-1, а во 15-тата Сергеј Корсунов им носи водство на Финците од 2:1.
Се играше 20. минута Матин Ахмади зголеми на 3-1 додека во 23-тата минута Алекси Пиритијоки беше стрелец на четвриот гол за домаќините. За петти гол во нашата мрежа се погрижи Анти Коивумаки во 35-тата минута, а конечниот резултат го постави Линтула во 36. минута.
Македонија во финишот преку Јакуп Рамадан не успеа да реализира пенал. Во вториот натпревар кој е закажан на на осми декември ќе бидеме домаќини на Шпанија.