Јокиќ и друштвото поминале низ 16 часовна драма - авионот двапати откажал полетување!

Кошаркарите на Денвер доживеале вистинска голгота во Мексико Сити, каде што по победата над Индијана останале заглавени поради проблеми со авионот и во Хјустон пристигнале со дури 16 часа задоцнување.

 Јокиќ и неговите соиграчи најпрво славеа против Индијана Пејсерс, но она што требаше да биде обично патување до следната дестинација се претворило во вистинска драма.

Според информациите на новинарката Кејти Винџ, која редовно ги следи Нагетс, проблемите започнале веднаш по пристигнувањето на аеродромот. Екипата чекала дури четири часа за да пристигне потребниот резервен дел за авионот.

Поправката започнала околу еден часот по полноќ и завршила во 2:20 часот. Сепак, откако кошаркарите веќе се сместиле во авионот, во 3:25 часот морале повторно да излезат поради проблем со вратата. Во пет часот наутро тимот бил вратен во хотел.

Драмата продолжила и во неделата. Екипата повторно заминала на аеродром во 14:15 часот, а во 15:45 часот се качила во нов авион. Авионот конечно полетал во 16:36 часот.

Во Хјустон пристигнале во 18:30 часот, а во хотелските соби се сместиле дури околу 21 часот. Така, патувањето им одзело дури 16 часа повеќе од планираното.