Лекип направи идеален тим на сите времиња во ЛШ - не се најде место за Роналдо
На голот се најде Реј Клеменс, легендарниот чувар на мрежата на Ливерпул. Одбраната ја сочинуваат Дани Карвахал, Франц Бекенбауер, Франко Барези и Паоло Малдини.
Во средниот ред се Лука Модриќ и Андрес Иниеста, додека офанзивниот дел е составен од Лионел Меси на левата страна, Џорџ Бест на десното крило, Јохан Кројф како креативец зад напаѓачот и Алфредо ди Стефано во најистурената позиција.
Отсуството на Роналдо е особено впечатливо ако се земе предвид неговото европско наследство. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 141 гол и пет пати го освојуваше најпрестижниот клупски трофеј во Европа. Тој беше еден од главните творци на европската доминација на Реал Мадрид, а претходно се радуваше на титулата и со Манчестер јунајтед.
ИДЕАЛЕН ТИМ НА ЛЕКИП
Голман: Реј Клеменс
Десен бек: Дани Карвахал
Централни дефанзивци: Франц Бекенбауер и Франко Барези
Лев бек: Паоло Малдини
Среден ред: Лука Модриќ и Андрес Иниеста
Лево крило: Лионел Меси
Плејмејкер: Јохан Кројф
Десно крило: Џорџ Бест
Напаѓач: Алфредо ди Стефано