Пропадна шансата за Македонија ептен лесно да се пласира на СП 2030!
Тој веќе ги информирал раководителите на шесте континентални конфедерации дека доколку биде реизбран на функцијата, нема да бара никакво понатамошно проширување ниту на репрезентативниот Мундијал, ниту на Светското клупско првенство. Изборниот процес на кој актуелниот претседател веќе ја потврди својата намера да се кандидира за нов мандат е закажан за следната година во1март, за време на 77-от Конгрес на ФИФА кој ќе се одржи во Рабат (Мароко).
Официјалниот предлог за драстично зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во 2030 година од 48 на дури 64 селекции првично беше поднесен од страна на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Иако првиот човек на ФИФА нагласи дека можноста за вакво проширување детално ќе се истражува и ќе биде предмет на дискусија, тој сепак го оцени преминот на Мундијалот во формат со 48 екипи како апсолутно правилна одлука која нуди многу повеќе можности за голем број селекции од различни континенти. Ваквиот став на Инфантино доаѓа откако Светското првенство во 2026 година веќе се одржа токму во овој проширен формат со 48 национални тимови, што претставуваше историска премиера на глобалната фудбалска сцена.