Цел свет му испраќа пораки на Роналдо, Реал никаде го нема
Манчестер Јунајтед, Јувентус, Спортинг Лисабон и актуелниот клуб на португалската ѕвезда, Ал Наср, брзо реагираа и му оддадоа почит на фудбалерот кој остави длабока трага во нивната историја. Нивните пораки беа исполнети со признание за успесите и неверојатниот придонес на Роналдо во светскиот фудбал.
Сепак, вниманието го привлече отсуството на реакција од Реал Мадрид. Повеќе од 24 часа по објавувањето на веста, од „Сантијаго Бернабеу“ немаше ниту честитка ниту посебна порака за својот поранешен ас. Молкот на шпанскиот гигант предизвика реакции меѓу навивачите, особено ако се знае каков белег остави Португалецот во клубот.
Роналдо го носеше дресот на Реал од 2009 до 2018 година и во тој период стана најдобар стрелец во историјата на клубот. На 438 натпревари постигна неверојатни 450 голови, а освои и четири трофеи во Лигата на шампионите. Голгетерскиот рекорд важи веќе девет години и тешко дека во блиска иднина ќе биде соборен, па оттука изненадува молкот од мадридскиот клуб.
Со Португалија, пак, завршува репрезентативна приказна во која постави рекорди што тешко ќе бидат надминати. Забележа 234 настапи и 146 голови, а ги предводеше „селесао“ до европската титула во 2016 година и до два трофеи во Лигата на нациите.
Иако се повлекува од националниот тим, Роналдо нема намера да стави крај на клупската кариера и продолжува да настапува за Ал Наср.