Хајдук доживеа една од најголемите бламажи во својата историја (ВИДЕО)
Хајдук допатува на Гибралтар со големи амбиции и со максимален учинок од првите две кола. Победите над Ајакс и Тун најавуваа одлична европска сезона за хрватскиот гигант, но гостувањето кај Линколн се претвори во вистински кошмар.
Гостите не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, а кога се чинеше дека ќе си заминат со реми, следуваше моментот кој ги шокираше нивните навивачи. Во 89. минута Денис Хаџикадуниќ ја затресе сопствената мрежа и му подари историска победа на домашниот состав. Поразот е уште поболен ако се знае дека Линколн е клуб од Гибралтар, а Хајдук важи за еден од најголемите и најтрофејни клубови во регионот. Наместо очекувано освојување на нови три бода, „билите“ си заминаа со наведнати глави.
Катастрофата на Гибралтар доаѓа по одличните резултати последниот период имајќи предвид дека Хајдук е лидер во домашното првенство и добро чекореше во Конференциската лига.