Голманот Овоно по смртта на Де Мигел не излегува од дома!

Трагичната смрт на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел, остави тешки последици и врз голманот Хесус Овоно, кој учествуваше во страшниот судир на теренот.

Шпанските медиуми пишуваат дека голманот е во тешка психичка состојба и се повлекол од јавноста, а исто така не го напушта својот дом.

Во овие тешки моменти покрај него е семејството, а особено мајка му, која му дава поддршка. Зад него застанаа и и соиграчите, тренерите и вработените во клубот.

По трагедијата, голманот се соочи и со навреди на социјалните мрежи, како и закани по својот жвиот.