Јапонец најави кандидатура за претседател на ФИФА
По кандидатурата на поранешниот швајцарски репрезентативец, Рамон Вега, сега се појави уште еден функционер кој најави своја кандидатура.
Јапонскиот фудбалски функционер Козо Ташима најави дека ќе се кандидира за највисоката функција во светскиот фудбал.
Ташима ја објавил својата одлука по состанокот на раководството на Јапонската фудбалска асоцијација, која едногласно ја поддржала неговата кандидатура.
Изборите за претседател на ФИФА треба да се одржат на 18 март 2027 година во Рабат, Мароко.