Комо даде девет гола во Франција и израмни голем рекорд на Баерн, Лајпциг го намачи Сити! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо вечерва го одиграа можеби и најдобриот натпревар во својата историја бидејќи во Лигата на шампионите против Ленс славеа победа со неверојатни 9-1.

Избраниците на Фабрегас сезонава играат фантастичен фудбал и го израмнија рекордот на Баерн од девет гола на еден дуел во ЛШ (против Динамо Загреб пред две години 9-2).

Победата италијанскиот состав ја најавија уште во првото полувреме кога постигнаа три гола, двапати стрелаше Доувикас, а еднаш Нико Паз. Доминацијата на Комо продолжи и во второто полувреме па така во период од десет минути од 47-та до 57-та минута Де Куња, Кемпт и Доувикас со третиот гол се погрижија за 6-0.

Либерали пет минути подоцна го постигна седмиот гол, за во 65-тата минута Агиљар да го постигне утешниот гол за домашниот состав. Конечниот резултат на 20-тина минути пред крајот ги постави Батурина.

Комо така дојде до третата победа и по четири кола во најелитното клупско натпреварување со што има девет бода.

Вториот италијански тим вечерва, Наполи доживеа пораз на гости кај Порто со 4-1, додека на останатите средби немаше изненадувања, Сити се помачи, но го победи Лајпциг со 3-2, Арсенал со 2-1 ја доби Славија Прага, Клуб Бриж на гости се радуваше против ПСВ со 2-1, Викинг на свој терен го доби Сабах со 4-1, а Борусија дома беше подобра од Бетис со 2-1.