Голманот Овоно скршен од болка: Ова се најтешките денови од мојот живот...
Во соопштението објавено во средата преку официјалните профили на неговиот клуб голманот изрази сочувство до семејството на починатиот фудбалер и призна дека минува низ најтешкиот период во животот.
„Ова се најтешките денови во мојот живот. Тешко ми е да ги пронајдам вистинските зборови и да разберам што точно се случи. Чувствувам огромна болка поради загубата на Хесус. Мислам на него, на неговото семејство и на сите што го сакаа. Знам дека ќе има многу прашања за кои ќе треба да се разговара и со сè што следува ќе се соочам со целосна почит. Но, во овој момент не можам да мислам на ништо друго освен на Хесус и на болката низ која поминуваме. Почивај во мир, Хесус“, додаде Овоно.
Де Мигел почина во вторникот наутро во болница во Санта Круз де Тенерифе. Тој доживеа срцев удар во понеделникот, по судирот со Овоно во судиското продолжение на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора. Полицијата отвори истрага за смртта на фудбалерот, која се води под судски надзор.
📃 𝐂𝐎𝐌𝐔𝐍𝐈𝐂𝐀𝐓 𝐎𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 https://t.co/dCEQJEcAKx
— FC Andorra (@fcandorra) November 4, 2026