Дејан Кулушевски по пауза од 17 месеци се враќа во националниот тим!
Шведската селекција по четири одиграни кола е лидер во групата со десет освоени бодови. Националниот тим ќе се собере в понеделник, а првиот предизвик е закажан за 14 ноември кога на домашен терен, на стадионот „Стробери Арена“, ќе ја пречека Босна и Херцеговина, додека три дена подоцна ќе ѝ гостува на Полска. Покрај големото враќање на Кулушевски, Потер во тимот вклучи и двајца дебитанти, односно десниот бек Џенезис Ентви од Стразбур и офанзивецот Алију Њи од Фиорентина. Во репрезентативниот ростер се враќаат и Ентони Еланга, како и голманот Јакоб Видел Зетерстром.

Кулушевски има македонско потекло, играше во жолто-црвениот дрес во младинските категории, но реши да направи трансфер и во сениорска конкуренција да ги брани боите на Шведска каде што е и роден.