Рафаел Надал влегува во управата на Реал Мадрид - седнува во директорската фотелја!
Оваа иницијатива беше усвоена на седницата на раководството одржана денеска, а за неа ќе биде гласано на 21 ноември, со што Надал ќе добие клучна улога во креирањето на долгорочната иднина на клубот. Во следните неколку години тој ќе соработува тесно со претседателот Флорентино Перез и одблизу ќе го следи секојдневното функционирање на фудбалскиот гигант, со што се исполнува и големата желба на навивачите да го видат славниот тенисер внатре во клупските структури.
Долгогодишниот навивач отсекогаш јавно ја истакнувал својата приврзаност кон мадридскиот клуб, каде што моментално има статус на почесен член. Во минатото, Надал во повеќе наврати го изведуваше почесниот почетен удар на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ по неговите големи успеси во кариерата, додека минатото лето мораше и официјално да ги демантира медиумските написи кои го поврзуваа со кандидатура на претседателските избори.
Со најновиот потег, соработката добива официјален административен карактер, а Реал Мадрид ја образложи својата одлука преку опширно соопштение (види ТУКА) посветено на новиот член на управата.