Тенисерка го одигра првиот меч по пауза од 16 месеци и веднаш доби - смртни закани!
Во моментов 474. тенисерка на светската ранг-листа не успеа камбекот да го одбележи со победа, откако на стартот на турнирот во индиски Ченај беше поразена од домашната натпреварувачка Ваишнави Адкар (3-6, 6-3, 7-5). Спортскиот неуспех на теренот беше проследен со далеку понепријатна ситуација во дигиталниот простор, каде разочараните навивачи и обложувачи упатија директни повици таа да си го одземе животот.
Споделувајќи го своето трауматично искуство, 27-годишната тенисерка на својот Инстаграм профил објави дел од пораките кои содржеа брутални навреди, омаловажување на нејзиниот спортски квалитет и морничави желби за смрт, при што еден корисник ја нарече и срамота за спортот. Апелирајќи за итна реакција, таа директно ги означи официјалните профили на ВТА организацијата и на Инстаграм.
„Убав пречек по враќањето на турот. Сега се сетив зошто и заминав. Кога конечно некој ќе преземе нешто?“, напиша Бараџ.
Пред овој настап, Бараџ последен пат беше дел од главната ждрепка на еден ВТА турнир уште лани во јули, кога на Вимблдон беше елиминирана во првото коло од Кетрин Мекнели, по што воопшто не настапуваше на елитното ниво, со исклучок на квалификациските циклуси.